Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај.
Според одлуката, од ноќеска на полноќ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг и сега изнесува 51,144 ден/кг.
Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,144 (денари/килограм)
ИЗДВОЕНИ

Ќе поскапат ли горивата и покрај падот на цената на нафтата на светските пазари?

По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ – во Брвеница ќе има и втор круг

Врело на Матка се отвори до неверојатни 338 метри!

Пред да увеземе странци, да ги вработиме нашите








