Познатиот ММА-борач Џон Џонс откри дека бил блиску до договор со УФЦ за појавување на спектакуларниот настан планиран во Белата куќа, но преговорите заглавиле во последната фаза поради парите.

Веќе некое време се шпекулираше дека овој историски настан бил клучната причина за тоа што легендарниот Американец официјално не ѝ стави крај на својата богата кариера. Спектаклот закажан за 14 јуни, во Вашингтон, очигледно бил доволно силна мамка за Џонс сериозно да размисли за враќање во октагонот, а Алекс Переира најчесто се споменувал како потенцијален противник. Сепак, според самиот Џонс, иако имало волја за борба, конечен договор не бил постигнат поради несогласување околу финансиските услови.

– Бев подготвен и физички способен да скокнам во октагонот. Бев подготвен да прифатам значително помалку пари отколку што побарав за борбата со Аспинал, но тие не сакаа да ја поместат понудата ниту за еден долар над 15 милиони. Мислев дека таа борба вреди повеќе – напиша Џонс на социјалната мрежа „Икс“.

ИЗДВОЕНИ