Престојот на Малик Њуман во рускиот Зенит од Санкт Петербург, наводно, завршил по само еден месец, откако американскиот кошаркар не успеал да одговори на физичките барања на тренерот Душко Ивановиќ.

Според рускиот медиум „Mash on Sporte“, Њуман тешко се справувал со интензивниот режим на тренинзи, а како една од причините се споменува и неговата наводна навика за пушење цигари.

Американецот пристигна во Зенит од Автодор, но неговиот ангажман бил краткотраен. За еден месец во Санкт Петербург, наводно, заработил околу 40.000 евра. Сепак, клубот сè уште нема официјално потврдено дека Њуман го напуштил тимот, ниту дека цигарите имале улога во неговото заминување.

Душко Ивановиќ е познат по своите високи барања и напорните тренинзи, кои бараат сериозна физичка подготвеност од кошаркарите.

Во меѓувреме, Зенит го ангажираше Маркус Хауард за да ја засили надворешната линија, додека иднината на Њуман останува неизвесна.

ИЗДВОЕНИ