Четириесетгодишен жител на Скопје бил пронајден починат во стан на подрачјето на општина Аеродром.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 јули 2026 година околу 18:20 часот.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот Ѓ.П. (40) било предадено на Институтот за судска медицина за понатамошна обдукција.









