Тејлор Свифт конечно го покажа својот венчален прстен – само во недела откако го кажа судбоносното „да“ на ѕвездата на НФЛ, Тревис Келси.
Младоженците го направија своето прво јавно појавување како брачна двојка на свадбата на поранешниот соиграч на Келси, каде што Свифт со задоволство им го покажа својот нов накит на гостите.
🎥 NEW VIDEOS OF TAYLOR & TRAVIS GO VIRAL
Fresh videos of Taylor Swift and Travis Kelce attending a wedding in Los Angeles are making the rounds online.💖#TaylorSwift #TravisKelce #Tayvis #CelebrityNews #ViralVideos pic.twitter.com/05rLsbz4S6
— Rosa News Official (@Mirha1206) July 11, 2026
Церемонијата се одржа во Калифорнија, а пејачката за таа пригода избра прекрасна розова тоалета со цветен дезен без прерамки.
На фотографиите од настанот, таа може да се види како седи до Келси и ја покажува својата рака со венчален прстен, додека двојката изгледа опуштено и среќно.
Келси носеше сив костум, а младенците беа видени како се држат за раце, разговараат со гостите, танцуваат и уживаат во прославата во текот на целата вечер.
Свифт и Келси беа расположени, а според фотографиите од настанот, прославата вклучуваше здравици со шампањ.
Нивното појавување доаѓа по спектакуларната венчавка одржана на 3 јули во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Венчавката на музичката суперѕвезда и еден од најпознатите играчи на НФЛ се проценува на околу 30 милиони долари.










