петок, јуни 12, 2026
Дома СВЕТ Четири американски авиони полетаа за Женева како подготовка за евентуално потпишување на...

Четири американски авиони полетаа за Женева како подготовка за евентуално потпишување на договор

205

Четири авиони Ц-17 на американските воздухопловни сили полетаа за Европа како подготовка за евентуалното церемонијално потпишување на договор за прекин на војната меѓу САД и Иран, објави денес американскиот портал „Аксиос“.

Авионите, според „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со подготовките, се упатија кон Женева, каде што се очекува американскиот потпретседател Џ.Д. Венс да го потпише договорот во име на Вашингтон во наредните денови.

Според двајца дипломати од двете земји посреднички и двајца американски претставници, договорот во принцип е постигнат во среда навечер по неколкучасовни преговори меѓу катарскиот посредник Али Ал-Тавади и иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

ИЗДВОЕНИ