Поради силните ветрови, голем број авиони не можеа да слетаат на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник во текот на утрото, па летовите беа претежно пренасочени или откажани.
До 10 часот наутро слетаа само три авиони, пишува хрватскиот портал „Дневник“.
До 10 часот наутро на аеродромот „Чилипи“ успешно слетаа само авиони од Осло, Хелсинки и Брисел, додека оние од други дестинации, по неуспешните обиди за слетување, беа пренасочени кон аеродромите во Србија, Црна Гора и Италија.
Портпаролката на аеродромот, Марина Русо, исто така ги потврди проблемите со летовите.
„Вистина е, ветерот ни предизвикува големи проблеми утрово. Поради силните налети на бура, тие едноставно не можат да слетаат. Сите обично се обидуваат, но кога не успеваат, се пренасочуваат кон аеродромите во Италија, Црна Гора, Србија“, рече Русо.
Според прогнозата, ветерот би требало да ослабне во текот на денот, па затоа аеродромот се надева дека сообраќајот ќе се нормализира.












