Булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, при извршениот увид во градежните работи, информираше дека се реализираат работите пред предвидениот рок.
– По 30 години чекање, за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување. За рекордно време, пред предвидениот рок, ѝ ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии – нагласи Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека со реализацијата на проектот, повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат модерен и безбеден булевар што, како што рече, треба да придонесе за полесно секојдневно движење и за намалување на сообраќајниот метеж.












