сабота, јули 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА При претрес на стан во Скопје пронајдени се над 11 килограми марихуана,...

При претрес на стан во Скопје пронајдени се над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

0
Фото:МВР, ФБ

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога, поднесена кривична пријава против две лица.

Од МВР информираат дека од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 2.07.2026 година, е извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки.

Од МВР потврдија дека лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка.

ИЗДВОЕНИ