четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Брановите стигнаа до брегот на Јапонија, регистрирани се првите жртви од разорниот...

Брановите стигнаа до брегот на Јапонија, регистрирани се првите жртви од разорниот земјотрес: Премиерката со предупредување – „Евакуирајте се!“/ВИДЕО

213

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди морскиот регион кај префектурата Ивате во Јапонија, што веднаш поттикна веднаш предупредување за цунами за поголемиот дел од североисточниот брег на земјата. Првите бранови веќе почнаа да го погодуваат јапонскиот брег, а најголемиот регистриран досега е со висина од 80 см, според Јапонската метеоролошка агенција. Пријавени се првите жртви и материјална штета.

Д-р Сајмон Боксал, виш предавач по океанографија на Универзитетот во Саутемптон, за Скај њуз изјави дека следниот час може да биде клучен и да го покаже обемот на катастрофата. Тој лично очекува дека веројатно ќе има „умерено влијание“.

„Се очекува главните бранови да удрат, веројатно, со оглед на длабочината на водата, околу еден час подоцна. Значи, брановите треба да удрат прилично наскоро“, рече Боксал.

На жителите во 11 градови, каде што се очекуваат најголемите бранови, им се издадени наредби за евакуација, објави Скај њуз. Јапонската метеоролошка агенција ги повика жителите да се држат подалеку од бреговите и реките и да побараат засолниште на повисоки места. Исто така, предупредува на последователни потреси што би можеле да се случат во наредните денови.

Првите снимки од земјотресот се појавија на социјалните мрежи. На нив се гледа како се ниша деловна зграда во Токио.

Нуклеарната централа Онагава се проверува за да се утврди влијанието на земјотресот и цунамито. Околу 11:00 часот по локално време, првите цунами бранови стигнаа до брегот на Јапонија. Јапонската метеоролошка агенција предвидува дека цунами бранови до три метри ќе стигнат до брегот на Пацификот во префектурите Хокаидо и Ивате.

Јапонската премиерка формираше итна работна група како одговор на силниот земјотрес што ја погоди земјата. Санае Такеичи, која стана првата жена премиер во земјата во октомври минатата година, исто така го повтори својот повик до жителите на погодените подрачја да се евакуираат.

„Моментално добивме извештај дека „моментално се потврдуваат човечки и материјални штети“, но отсега ќе добиваме детални извештаи и ќе се справуваме со одговорот на катастрофата“, напиша Такеичи во онлјан објава.

ИЗДВОЕНИ