Свештеник од мала парохија во француското село Пажаж, во регионот Оверњ-Рона-Алпи, не се вратил од одмор на Мадагаскар, а црковните власти се сомневаат дека со себе понел околу 6.000 евра собрани од црковни донации, објавува „Паризиен“.
Парохијата во Пажаж има околу 850 жители. Свештеникот, познат како отец Мишел, служел во заедницата во последните шест години и бил парохиски свештеник две години.
Според епархијата Ле Пуј-ан-Вел, неправилностите биле откриени на почетокот на март, кога волонтерите задолжени за финансиите на парохијата забележале несовпаѓања во книгите.
Владиката изјави дека свештеникот бил повикан на разговор, но дека тој не дал задоволителни објаснувања и не ги признал обвинувањата против него, објави „Ле Фигаро“.
Потоа му е забрането да се врати во епархијата.
Кон крајот на март, свештеникот отпатувал на Мадагаскар на одмор, по што исчезнал од јавноста и не се вратил во Франција.
Според проценките на епархијата, се сомнева дека понел со себе околу 6.000 евра црковни донации.
Владиката го опиша случајот како „човечка слабост“, истакнувајќи дека не се поднесени кривични пријави.
Верниците во парохијата изразуваат жалење за неговото заминување, додека црковните власти најавуваат доаѓање на нов свештеник од 1 септември.












