Најдобриот тенисер од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур, постигна голема победа на турнирот во Букурешт, но славењето се претвори во вистински пекол. Додека Дамир се бореше како лав на теренот против локалниот играч Филип Кристијан Јану (6:3, 4:6, 7:6), во сенка се одвиваше страшна драма, насочена против неговото семејство. Веднаш по натпреварот, братот на Дамир, Златан Џумхур, реши јавно да го разоткрие чудовиштето кое му испрати порака на Дамир на социјалните мрежи од која му се заледи крвта. Содржината на пораката е толку брутална што ја остави целата јавност во целосен шок.

„Не знам што значи Дамир Џумхур за вас, но нему и на целото негово семејство им посакувам смрт во најлошата можна болка!“ гласеше пораката.

Златан, видливо потресен, не можеше да молчи за таквата суровост. Тој истакна дека социјалните мрежи станале терен за вежбање на болни умови кои се кријат зад профилите.

  • Неверојатно е што луѓето се толку опуштени што пишуваат нешто што никогаш не би го кажале в лице. Ние го нормализиравме овој вид негативност, но не заборавајте – зад секој профил стои вистинска личност која треба да го прочита ова, рече огорчениот Златан.

Самиот Дамир не беше имун на заканите упатени кон неговите најблиски. Тој испрати болна порака до сите преку „Инстаграм“, прашувајќи се до каде оди човечката злоба.

  • Ова станува болно! Навикнат сум луѓето да ми пишуваат секакви работи, но сега го напаѓаат целото мое семејство. Колку можеш да бидеш болен за да го правиш ова?, се праша тенисерот.

Дамир го мина и второто коло, откако славеше со 7:6, 6:4 против Португалецот Нуно Боргес. Но, прашањето останува – кога АТП и социјалните медиуми конечно ќе им застанат на патот на овие чудовишта кои го трујат спортот и ги уништуваат животите на семејствата на врвните спортисти?

ИЗДВОЕНИ