вторник, октомври 20, 2026
Дома СКОПСКА Безбедна евакуација на повозрасните лица во случај на пожар

Безбедна евакуација на повозрасните лица во случај на пожар

10

По повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, под мотото „Отпорноста започнува дома“, денеска, во Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров, се одржа показна вежба за постапување при пожар, со цел проверка на подготвеноста за итни ситуации, координацијата меѓу надлежните служби и процедурите за безбедна евакуација на повозрасните лица.

– Во вежбата учествуваа просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, Противпожарната бригада на Град Скопје, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и СВР Скопје, заедно со раководството и персоналот на Пензионерскиот дом. На настанот присуствуваа и претставници на локалните и националните институции и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

ИЗДВОЕНИ