Добри вести за родителите и идните првачиња во Општина Ѓорче Петров. И оваа година, општината продолжува со поддршката за семејствата, па секое дете што од септември ќе седне во училишните клупи, ќе добие бесплатен училиштен ранец со целосен училиштен прибор, финансиска помош од 3.000 денари и бесплатна училишна ужина. Целта е сите деца да го започнат своето образование под еднакви услови, без дополнителен товар за домашниот буџет и со сè што им е потребно за успешен старт.

Градоначалникот, Александар Стојкоски, вели дека првиот училиштен ден е посебен момент за секое дете, но и за секое семејство, поради што општината останува посветена на вложувањата во образованието.

– Првиот училиштен ден е еден од најважните моменти во животот на секое дете. Наша обврска е да создадеме услови секое прваче безгрижно и со насмевка да зачекори во училишните клупи. Затоа континуирано инвестираме во образованието и во мерките што им помагаат на децата и на нивните семејства – истакна Стојкоски.

Од Општина Ѓорче Петров порачуваат дека со оваа мерка продолжуваат да инвестираат во младите генерации и да обезбедуваат подобри услови за образование, со јасна цел – секое дете да има еднаков и достоинствен почеток на своето школување.

ИЗДВОЕНИ