четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ УМЕТНИЦИ ВО НАШАТА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ: Почина доајенот на...

БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ УМЕТНИЦИ ВО НАШАТА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ: Почина доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов

394

Доајенот на македонското сликарство и еден од најважните автори во современата македонска уметност, Родољуб Анастасов, почина вчера, во Скопје. Фондацијата „Родољуб и Јустина Анастасов“ соопшти дека тој починал во 91. година од својот живот.

– Почина големиот професор, сликар и бескраен трагач по одговорите за човекот, времето и просторот – Родољуб Анастасов – објави Фондацијата.

Анастасов е еден од најважните сликари во современата македонска уметност и професор од првата генерација професори на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ). Тој бил ученик на Лазар Личеноски, Димитар Пандилов и Васил Коџоман, а во 1962 дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1980 година до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.

Во 2011 година, Анастасов му подари на Музејот на Град Скопје збирка од вкупно 389 дела, a Музејот именуваше една од галериите „Јустина и Родољуб Анастасов“, каде што секоја година се отвора поставка со дела од колекцијата и која често и самиот ја посетувал. Последната изложба на Анастасов со нови дела беше во Музејот на Град Скопје, во јули 2023, насловена „Визии – глава полна со луѓе“, со над 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022.

Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500. најголеми гении во светот, во 21 век.

Родољуб Анастасов ќе биде погребан на 6 април, на Градските гробишта Бутел, од 10:00 часот.

ИЗДВОЕНИ