Американската тенисерка со српско потекло, Ива Јовиќ, откри дека редовно се консултира со Новак Ѓоковиќ.

  • Новак ги гледа моите натпревари, а потоа ми дава конкретни совети за мојата игра. Се однесува на тактиката и како да бидам уште поразновидна. Бев изненадена што ги следи моите натпревари, тоа ми е сосема нереално, дури и не разбирам како има време за тоа – изјави таа за „Тенис ченел“.

Таа објасни како изгледа сето тоа.

  • Имам директна врска со Новак, му пишувам во текот на турнирот, но се трудам да не го вознемирувам премногу. Кога сме на исто натпреварување, секогаш имаме одлични разговори – вели Јовиќ.

Таа самата е изненадена од тоа колку енергија има Новак.

  • Тој е оженет, има деца, зборува седум јазици… Мојот тренер секогаш се шегува со мене, вели, ако не сакаш да ме слушаш, слушај го Ѓоковиќ – заврши Американката.

ИЗДВОЕНИ