
Германскиот гигант, Баерн (М), планира до крајот на летниот преоден рок да ангажира уште еден класичен напаѓач кој ќе биде подготвен да ја игра улогата на резерва на Хари Кејн.
Откако Душан Влаховиќ рече „не“ на прилично скромната понуда што му ја упатија, баварскиот клуб започнаа преговори со 25-годишниот Игор Тијаго од Брентфорд.
Брилијантниот Бразилец игра навистина одличен фудбал во Премиер лигата и затоа Баерн (М) одлучи да го доведе во своите редови.
Преговорите се веќе започнати и се чека официјална понуда од Минхен, а во следните неколку дена ќе видиме дали германските шампиони ќе успеат да го комплетираат овој трансфер.
Напаѓачот, кој има 25 години, има пазарна вредност од 65 милиони евра. Сепак, јасно е дека Баварците ќе понудат помала сума од оваа и треба да се очекува понуда во опсег од околу 50 милиони.
Игор Тијаго сигурно би прифатил понуда од еден од најголемите клубови во светот без премногу двоумење. Тој би имал резервна улога, но би имал и сериозна шанса да се докаже со оглед на тоа што Хари Кејн ќе биде малку повеќе одмаран во новата сезона.
Тијаго ги помина претходните две сезони во Брентфорд откако пристигна од Клуб Бриж, каде што имаше врвна сезона, а во дресот на Брентфорд постигна 25 гола во 48 настапи.
Во текот на својата кариера, бразилскиот напаѓач играше и за бугарски Лудогорец и за Крузеиро.
Од оваа година, тој е член и на националниот тим на својата земја. Доби повик од Карло Анчелоти и постигна два гола во шест настапи.











