Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина денот Четврток 28 Мај 2026 ни носи поголема дестабилизација на Атмосферата во Македонија. Времето ќе ни биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во пладневните а особено во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер (до околу 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.
Услови за појава на краткотрајно невреме ќе има и во делови од Скопската котлина проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер (до околу 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени, тоа значи дека денот Четврток 28 Мај 2026 ни носи малку пониски дневни температури на воздухот но и покрај ова тие остануваат летни.












