Во Археолошкиот музеј во Скопје, по повод 18 Април, интернационалниот ден на спомениците и археолошките локалитети, неделава ќе се одржат бројни настани посветени на археологијата и на современите пристапи кон културното наследство.

Утре (15 април), во 11 часот, ќе се одржи предавање на тема „Дигитална документација на археолошки наоди со помош на ласерски цртач на профили на керамика“. Предавачи се м-р Матеј Лелович и проф. д-р Марек Верчик од Карловиот универзитет во Прага.

На 16 април во 11 часот, за најмладите се организира археоавантура на локалитетот Тумба Маџари во Скопје.

На 17 април, пак, во 11 часот ќе се одржи предавање на тема „Македонските заедници пред формирањето на Теменидското кралство: Доказите од западната некропола на Архонтико во Пела“. Предавач е проф. д-р Василики Сарипаниди од Центарот за истражување на археологијата и културното наследство при Универзитетот во Брисел.

ИЗДВОЕНИ