Бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Бетис од Севилја, Антони, откри дека пред да потпише за Манчестер Јунајтед бил многу блиску до преселба во редовите на Ливерпул. Крилниот напаѓач се пресели на „Олд Трафорд“ во 2022 година и тоа за 86 мил. фунти, но после две сезони во дресот на Јунајтед му беше кажано дека мора да замине на позајмица во Шпанија затоа што не ги исполнил очекувањата на клупските челници.