четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА АНБ се екипира со најдобрите дипломирани студенти

АНБ се екипира со најдобрите дипломирани студенти

384

Агенцијата за национална безбедност, годинава, се екипирала со најдобрите студенти од Факултетот за безбедност, информираат оттаму и додаваат дека секогаш се отворени за практична обука и за кариерно напредување на млади и амбициозни кадри.

– Оваа година, врз основа на податоци од Факултетот за безбедност, најдобрите дипломирани студенти веќе се вработени во Агенцијата за национална безбедност. Ова претставува конкретен и значаен исчекор што ја потврдува суштинската поврзаност помеѓу образовниот систем и безбедносните институции. Ќе продолжиме да ја унапредуваме оваа практика и во иднина, со јасна определба да се препознава и да се поддржува квалитетот, на младите да им се отвораат можности и да се гради силен, професионален и кредибилен безбедносен систем, велат од АНБ.

Предизвиците на современиот безбедносен систем, додаваат, не се нешто што може да се совлада само преку теоретско знаење – тие претставуваат динамична реалност што бара подготвени, одговорни и високо мотивирани професионалци.

 

– Токму затоа, целта на предавањата е на студентите да им се доближат реалните аспекти на безбедносната професија, да се поттикне критичко размислување и да се изгради свест за одговорноста што ја носи оваа професија. Воедно, овие средби имаат за цел да ги мотивираат младите да се насочат кон кариера во која знаењето, интегритетот и посветеноста имаат вистинска вредност, велат од Агенцијата.

 

ИЗДВОЕНИ