Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на новиот железнички мост преку реката Тамиш, зборувајќи за претстојните избори, рече дека точниот датум на нивното одржување ќе биде познат околу Ѓурѓовден.
Запрашан за политичките и предизборните активности на студентите и опозициските политичари, Вучиќ нагласи дека сега нема разлика меѓу нив.
„Верувам дека до Ѓурѓовден, или неколку дена потоа, ќе знаеме точно кога ќе се одржат изборите“, рече Вучиќ и рече дека опозицијата и блокадерите ќе имаат шанса да победат.
„Сега имаат голем бран од Унгарија, веќе некое време молчат за Бугарија и Словенија. Можеби народот ги сака, ќе им честитаме, но тогаш луѓе, подгответе се дека нема да има нови железници, само ќе ги затворат, нема да има нови патишта…“, нагласи Вучиќ.












