четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Акција за чистење на спомен-обележјата во Кавадарци

Акција за чистење на спомен-обележјата во Кавадарци

67

Во Кавадарци започна акција за чистење и одржување на спомен-обележјата, по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, информираа од неговиот кабинет. Оттаму појаснија дека за чистењето на спомен-обележјата во Кавадарци се обезбедени соодветни материјали и средства за нивно одржување.

Во рамките на акцијата, во тек е чистење на спомен-обележјето Костурница во Градскиот парк, при што се отстрануваат графитите и другото оштетување.

– Активностите се реализираат во соработка со Територијалната противпожарна единица и ЈП „Комуналец“, со заедничка цел: зачувување на достоинството и значењето на овие обележја. Како локална самоуправа, посветено се грижиме за заштита на спомен-обележјата, историјата и културното наследство, оставајќи ги како вредно сведоштво за идните генерации – потенцираа од кабинетот на градоначалникот Јанчев. 

 

ИЗДВОЕНИ