четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Пошумување на мегапаркот во Карпош

Пошумување на мегапаркот во Карпош

342

Во мегапаркот во Општина Карпош, утре со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи акција за пошумување, во организација на издавачката куќа „Сакам книги“.

Акцијата за садење дрвја е насловена „Читаме денес за подобро утре“, а се организира во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

– Ова е прва акција од ваков вид кај нас, каде што една издавачка куќа, како голем потрошувач на хартија, свесно одлучува да ѝ врати на природата, заедно со своите читатели. Веруваме дека ова нема да биде единствен чекор, туку почеток на една нова практика – вели Ивана Спасев, главен уредник во „Сакам книги“ и водач на проектот „Со љубов, од Европа“, во чии рамки е предвидено 10 отсто од продажбата на книги да бидат наменети за садење дрвја во Скопје.

Тоа значи дека секој што ќе купи книга од оваа европска едиција директно ќе донира средства за пошумување на Скопје.

 

 

ИЗДВОЕНИ