Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ денеска излегоа на 47. протестен „Марш за ангелите“ при што порачаа дека од судот не бараат пресуди под притисок, туку одлука заснована исклучиво на факти и докази, врз основа на закон и според совеста на судиите, подвлекувајќи дека овој процес е испит за правда и доверба во институциите.
Маршот започна од Паркот на револуцијата до зградата на Општина Кочани каде се сместени и просториите на Државниот пазарен инспекторат, потоа кон канцелариите на Државниот турдов инспекторат, Управата за јавни приходи, кочанската полиција и суд.
Родителите на починатите во „Пулс“ порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет туку 63 насилно згаснати животи, 218 повредени и болка на целиот град.










