недела, јули 19, 2026
Дома БАЛКАН Силно невреме ја погоди Словенија, серија предупредувања се на сила и за...

Силно невреме ја погоди Словенија, серија предупредувања се на сила и за Хрватска

215

Невреме со обилни врнежи од дожд и ветрови погоди делови од Словенија, предизвикувајќи проблеми во Горењска и Корошка.

Силна бура погоди делови од Словенија во саботата навечер. Словенечката агенција за животна средина (ARSO), која делува како национална метеоролошка служба на земјата, објави дека кратко пред 19 часот, силни системи на бури стигнале до североисточниот дел од земјата, веднаш до границата со Хрватска.

Според нивните податоци, помеѓу 18 и 19 часот, најголемиот дел од бурите се движеле над североисточна Словенија. Во тој период, најинтензивните бури биле регистрирани источно од Словењ Градец и во областа Марибор.

На метеоролошката станица Заводња, помеѓу Марибор и Целје, наврнале 31 милиметар дожд за само половина час. Метеоролозите предупредуваат дека ваквите обилни врнежи можат да предизвикаат акумулација на вода на патиштата и другите површини, како и ненадејно зголемување на нивото на водата во поројните потоци.

Значителни количини на врнежи се регистрирани и на други мерни станици. До 18 часот, во Јелендол беа измерени 63 милиметри дожд, во Камнишка Бистрица 49 милиметри, додека во Нова Вас на Блоке наврнаа 40 милиметри врнежи.

Обилниот дожд проследен со силни налети на ветер предизвика бројни тешкотии во Горењска и Корушка, каде што интервенираа надлежните служби поради поплавите предизвикани од поројните дождови.

Според прогнозите, се очекува бурата постепено да ослабне во внатрешноста на Словенија во текот на ноќта, додека во Приморска бурното време би можело да се задржи до утринските часови, објавува 24ur.

 

ИЗДВОЕНИ