Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против 47-годишен жител на градот, поради сомнение дека физички нападнал 12-годишно дете.
Според пријавата, инцидентот се случил на 23 август годинава, пред куќата на пријавениот во Гостивар. Таму, како што се наведува, 47-годишниот физички го нападнал детето.
Кривичната пријава против З.Ј. е поднесена од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Полицијата продолжува со преземање мерки за целосно расчистување на случајот.












