По повод 8 Септември – Денот на независноста, Националниот археолошки музеј ги поканува посетителите на посебно патување низ илјадници години историја.
Од најраните траги на човекот, преку антиката и средниот век, до поновата историја, посетителите од 11 часот имаат можност да ги пронајдат предметите означени со македонското знаме и да откријат приказни што тие ги чуваат.
Во рамките на турата ќе биде промовиран и специјалниот каталог „35 години – 35 предмети – 35 приказни“, со текстови подготвени од кустосите и експертите на Археолошкиот музеј.
Влезот е бесплатен во текот на целиот ден.

ИЗДВОЕНИ