вторник, септември 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Царините на Канада кон САД стапуваат на сила – опфатени повеќе од...

Царините на Канада кон САД стапуваат на сила – опфатени повеќе од 700 американски производи

0

Канада денес воведе тарифи кон Соединетите Американски Држави за увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди американски долари (17,2 милијарди евра), објави канадското Министерство за финансии.

Новите тарифи се однесуваат на речиси 700 американски производи, со стапки кои се движат од 15 до 50 проценти, а применетите тарифи се однесуваат на челик, алуминиумски производи, како и земјоделска опрема, производи за домаќинството како што е тоалетна хартија, објавија медиумите.

Одлуката на Канада следеше по воведувањето тарифи од 50 проценти на канадската стока од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и по неуспехот на трговските преговори.

Ден Кели, претседател на Канадската федерација на независни бизниси (CFIB), која претставува повеќе од 100.000 мали и средни бизниси низ целата земја, рече дека најновата ескалација во трговската војна ги тера некои од неговите членови да се чувствуваат како нивните бизниси да се прогласени за потрошни од страна на владата, бидејќи американските царини ќе ги направат увезените материјали поскапи.

„Тие се чувствуваат како да се топовско месо во трговска војна со САД. Тоа не е добро чувство. Претходните рунди (на царини) влијаеја на големи стоки и работи како автомобили. Оваа рунда е насочена кон моите членови, сопственици на мали и средни бизниси низ Канада, кои се во навистина тешка позиција во моментов“, рече Кели.

ИЗДВОЕНИ