петок, септември 4, 2026
Дома СКОПСКА Паркот „Авионче“ домаќин на фестивалот на улична храна „Аеро“

Паркот „Авионче“ домаќин на фестивалот на улична храна „Аеро“

2

Паркот „Авионче“ во Општина Аеродром од денеска е домаќин на второто издание на AERO Street Food Festival, кој годинава ќе понуди пет фестивалски вечери исполнети со музика во живо, диџеј-сетови, улична гастрономија и интерактивни содржини за посетителите.

Под мотото „Поголем, позвучен и поразновиден“, фестивалот предвидува настапи на пет бендови и десет диџеи. На сцената ќе се претстават South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, кои ќе изведуваат домашни и светски музички хитови во сопствени аранжмани.

За музичката атмосфера пред и по концертите ќе бидат задолжени диџеите Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеи од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и Sure Shotz.

Посебен акцент ќе биде ставен на завршната вечер на 8 септември, кога фестивалот ќе биде заокружен со музички трибјути посветени на Владо Јаневски и групата ДНК. Бендот Acoustic Division ќе изведе трибјут-програма во чест на Владо Јаневски, додека диџеите од Sure Shotz ќе приредат музичка селекција посветена на хитови на ДНК.

Освен музичката програма, посетителите ќе можат да учествуваат во натпревари во брзо јадење, квизови и други интерактивни предизвици што ќе ги води Бомбакис, при што за најуспешните учесници се предвидени награди.

 

ИЗДВОЕНИ