четврток, октомври 22, 2026
Дома БАЛКАН Петрушевски на СЕЛЕК во Букурешт: Регионална соработка против организираниот криминал

Петрушевски на СЕЛЕК во Букурешт: Регионална соработка против организираниот криминал

2
Размена на информации, искуства и добри практики за справување со безбедносните предизвици беше целта на состанокот на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа, кој годинава по 27 пат се одржа во Букурешт, Романија.
Македонската делегација ја предводеше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски во својство на постојан член на Советот.
„Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во борбата против прекуграничниот и организираниот криминал. На состанокот се одржа и избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија, а по спроведената изборна постапка беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар. Продолжуваме активно да придонесуваме кон развојот на регионалната соработка и зајакнувањето на безбедноста во Југоисточна Европа, напиша државниот секретар Петрушевски на социјалните мрежи.
Учеството на ваквите регионални средби е значајно за одржување на контакти и продлабочување на партнерството во решавање на безбадносните прашања.

ИЗДВОЕНИ