Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2.000 шахти.
Оттаму соопштија дека дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
– Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Од Општината објаснуваат дела препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а е наменете за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови.
– Системската дератизацијата е дел од редовните превентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје – нагласуваат општинските власти.












