Град Скопје започна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за граѓаните на Општина Карпош.
Од Општина Карпош ги информираат граѓаните кои сè уште не го добиле своето решение, како и оние што имаат дополнителни прашања во врска со даноците, дека можат да се обратат во Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци во Општината. Телефонскиот број за контакт е: 3055-942.
-Вработените во Даночното одделение им стојат на располагање на граѓаните за дополнителни информации и помош – нагласуваат од локалната самоуправа.












