
Сезонава одигра само 187 минути, а требаше да биде предводник на Барселона. Сепак серија од сериозни повреди, а не помогна ниту позајмицата во редовите на англискиот премиерлигаш Брајтон. Сега тренерот на Барселона, Ханси Флик, реши да го земе неговиот број и целосно да го прешкрта, иако договорот го спасува и благодарение на него останува член на каталонскиот гигант.
Лионел Меси со години го носеше бројот 10 на грбот и истиот стана иконски на „Камп Ноу“, но неговиот последен сопственик е повеќе од промашување.
Вечниот талент Ансу Фати е целосно отпишан од каталонскиот клуб, а тренерот Ханси Флик уште во јануари му порача дека нема многу да се смета на него. Германецот не лажеше, Фати не игра речиси никаква улога во Барселона и така ќе биде до крајот на сезоната.
Без разлика дали ќе остане или не на „Ноу Камп“, тој ќе го предаде бројот на некој од соиграчите, а не е исклучено бројката да ја наследи некое од засилувањата кои ги планираат во Барселона.
Флик беше тој кој лично побара бројот да му се даде на некој друг и клупскиот претседател, Жоан Лапорта, го прифати неговото барање. Се верува дека бројот што го носеше Меси со години треба да го краси дресот на некој кој е најдобар или меѓу најдобрите, а не може да му припаѓа на играч кој седи на клупата.
Покрај тоа, клубот многу трпи кога е во прашање маркетингот. Бројот 10 е број кој многу добро се продава во клупските продавници, но сега не е така. Сосема поинаква работа би била ако дресот со бројот 10 го носи играч како Јамал, Рапфиња или Левандовски.
Флик наводно му рекол на Фати дека не може да го носи бројот 10 и дека наскоро мора да го прифати фактот дека тој ќе му припадне на некој друг.
Инаку, Германецот никако не е задоволен од Фати. Ниту игра добро, ниту се труди да се докаже, за разлика од другите момци, особено од Пау Виктор и Пабло Торе, кои сакаат да му докажат на Флик дека заслужуваат многу повеќе да бидат на теренот, додека Фати е незаинтересиран.
Ансу Фати има уште две години од договорот и може да заработи 26 мил. евра.