понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАГАЗИН Зоран Спасов, новата македонска ѕвезда на „Пинк“, ѝ вети на скандалозната Карлеуша:...

Зоран Спасов, новата македонска ѕвезда на „Пинк“, ѝ вети на скандалозната Карлеуша: Да, Јелена, ќе се женам!

45

Новото балканско музичко шоу во знакот на момче од Македонија!                                – Праќам голем поздрав за братска Македонија. Вие сте прекрасен народ, не смее никој да ве чепка. Со големо срце сте и со голема душа. А, ти Зоки, изгледаш барем 20 години помладо, дури не си ни побелен во косата – воодушевено зборуваше Карлеуша

Балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Пинк“, кое веќе по само неколку емитувања му е опасен конкурент на „Ѕвездите на Гранд“, минатиот викенд заслужено исфрли на самата површина нова македонска пејачка ѕвезда. Станува збор за Зоран Спасов од Македонија, кој, инаку, живее во Швајцарија и ги освои публиката и жирито со песните „Македонско девојче“, „Стани, моме, да заиграш“ и „Ај, што мерак имам, бабо“. Со своето пеење, тој ги крена сите на нозе, а највпечатлива во тоа што го кажа беше секогаш зборливата „мала од скандала“, Јелена Карлеуша. Нејзе толку многу ѝ се допадна настапот на Македонецот, па излезе на сцена пред Зоки и пред сите.

– Морам да ти пријдам, не само што физички ми се допаѓаш туку воедно праќам и голем поздрав за братска Македонија. Вие сте прекрасен народ, не смее никој да ве чепка. Со големо срце, со голема душа сте, прекрасен народ сте. Ние тука го наградуваме тоа. Ти Зоки, имаш сè што треба да има музиката – не се штедеше Јелена во давањето комплименти.

Зоран има 56 години, поради што Карлеуша остана шокирана, не верувајќи во тоа и мислејќи да е многу помлад.– Ти немаш 56 години, невозможно е тоа! Мене ми изгледаш барем 20 години помладо. Дај ми ја личната карта да се уверам. Ти сега толку добро изгледаш, па навистина не знам како си изгледал тогаш на 36. Ти си како оној Доријан Греј, оној што никогаш не старее. Ма дали гледам добро? Па, ти човеку, не си ни побелен во косата – изјави Јелена видливо изненадена.

Кон тоа се приклучи Драган Стојковиќ-Босанац, кој зајадливо му дофрли на Зоран Спасов: „Ќе можеш да се ожениш!“

И Карлеуша се согласи со тоа, чудејќи се како тоа не е уште женет.

– Кај им се очите на девојките?! – се праша Јеца.

На сето тоа скромниот Македонец скромно вети: „Да, Јелена, ќе се женам!“

А, што да додадеме ние на сето ова? По толку многу одлични оцени за настапот, на нашиот Зоки му останува тоа што му го посакаа членовите на жирито, да се ожени што поскоро. Но, секако, сите да ги покани на голема македонска православна свадба, сосе новинарите, нели, и сосе добрата македонска музика, Швајцарија да ечи, Зоки, новата ѕвезда на „Пинк“, (ќе) се жени!  (Д. М.)  фото: архива

 

 

ИЗДВОЕНИ