понеделник, септември 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Поскапуваат горивата: Од полноќ нови цени на бензините и дизелот

Поскапуваат горивата: Од полноќ нови цени на бензините и дизелот

100

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 0,5 денари, додека на дизелот за 1 денар по литар.

Така цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69 денари по литар.

Поскапува и екстралесното масло за домаќинство, од 67 на 68 денари по литар. Цената на мазутот поскапува за 0,6 денари, и од утре ќе се продаба по цена од 34,5 денари по килограм.

ИЗДВОЕНИ