Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Северен ветер се очекува да продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува стабилно и суво време. Наместа утринската температура ќе се спушти и под -10 степени.
Во Скопје, денеска ќе променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -1 до 3 степени.
В понеделник нѐ очекува променливо облачно и студено со умерен, а долж Повардарјето и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Наместа ќе има услови за провејување на снег.
Минималните утрински температури ќе се движат од -12 степени до -4 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од -6 степени до 3 степени.












