Диви свињи се спуштија во населбата Водно. Гоце Бурзески сподели на социјалните мрежи видео со снимени диви свињи. Тој напиша на „Фејсбук“ дека се случило тоа вчеравечер околу 19:30 часот, на улицата „Питу Гули“, спроти маркетот „Тинекс“. Од снимката може да се види дека животните се движат по тротоарот на улицата, во близина на станбени објекти, што предизвика низа реакции кај луѓето во врска со безбедноста. Скопјани коментираат дека им е одземено живеалиштето на дивите свињи, а некои, пак, велат дека им се одзема природното живеалиште со тоа што се гради на Водно.
– Не остана веќе каде да живеат. Половина шума е изгорена, другата половина исечена – велат жители.
Причина поради која се спуштаат дивите свињи во населените места, според Илија Бојаровски, портпарол во Дирекцијата за заштита и спасување, е храната. Тој сподели случка од пред две години, кога било нападнато куче, кое го шетала жена кај ИЗИИС, од дива свиња, која сакала да си ги заштити малечките што биле со неа. Од ловечките друштва велат дека дивите свињи не напаѓаат и дека не се опасни.
– Треба да се пријави случајот во блиските ловечки друштва. Ловот трае до средината на февруари – констатираа од ЦУК
Диви свињи се спуштија во населбата Водно. Гоце Бурзески сподели на социјалните мрежи видео со снимени диви свињи. Тој напиша на „Фејсбук“ дека се случило вчеравечер околу 19:30 часот, на улицата „Питу Гули“, спроти маркетот „Тинекс“.
Од снимката може да се види дека животните се движат по тротоарот на улицата, во близина на станбени објекти, што предизвика низа реакции кај луѓето во врска со безбедноста.
Едни велат дека во Варшава, со години наназад, ова е вообичаена глетка, а апелот од властите бил граѓаните да не им даваат храна на животните. Други, пак, велат дека ова не е првпат да видат како шетаат диви свињи.
– Во ноември лани, кај ИЗИИС, ги видов се шетаа во група – коментира скопјанка.
Трети, пак, реагираат дека им е одземено живеалиштето на дивите свињи, а некои, пак, велат дека им се одзема природното живеалиште со тоа што се гради на Водно.
– Не остана веќе каде да живеат. Половина шума е изгорена, другата половина исечена – велат жители.
Некои, пак, сметаат дека се гладни животните и дека треба да им се даде да јадат.
Илија Бојаровски, портпарол во Дирекцијата за заштита и спасување, вели дека надлежен за справување со ваквата состојба е Државниот инспекторат за земјоделство, а бидејќи се работи за парк-шумата Водно, дел од ингеренциите се и на ЈП „Паркови и зеленило“, односно на Град Скопје, како и на Општина Центар, на чија територија се наоѓа населбата Водно.
Причина поради која се спуштаат дивите свињи во населените места, според Бојаровски, е храната.
– Сигурно има овошки во дворовите, кои не се набрани есента. Дивите свињи поминуваат и по 75 километри барајќи храна и потоа се враќаат на местото каде што спијат. Тие спијат дење, а ноќе одат по храна – објаснува Бојаровски.
Тој сподели случка од пред две години, кога било нападнато куче, кое го шетала жена кај ИЗИИС, од дива свиња, која сакала да си ги заштити малечките што биле со неа.
– Ја советувавме жената да не шета без стапче, заради безбедност – рече Бојаровски.
Од ловечките друштва велат дека дивите свињи не напаѓаат и дека не се опасни.
– Тие се симнуваат во населените места бидејќи бараат храна. Ако нема костени, нема што да јадат. Доаѓаат до контејнер за да видат дали има храна во него и потоа си продолжуваат – велат од ловечкото друштво „Еребица“.
Од ловечкото друштво „Фазан“, пак, велат дека дивите свињи не дошле во градот, туку градот дошол кај нив во шумата Водно, споменувајќи дека причина за нивното симнување во блиските населени места е нарушувањето на нивното природно живеалиште со тоа што се дозволувало да се гради на Водно.
Од Центарот за управување со кризи велат дека не била пријавена појавата на диви свињи во населбата Водно на нивниот единствен телефонски број 112.
– Случајот треба да се пријави во блиските ловечки друштва. Ловот трае до средината на февруари – констатираа од ЦУК.
И оттаму велат дека дивите свињи се спуштиле во населбата за да бараат храна. При тоа, препорачуваат да се избегнуваат блиски средби со животните.
(А. П.)












