Жеже – пече во Скопје, на Треска кај Матка е спасот/ФОТОГАЛЕРИЈА

456

Денешниот, најверојатно најтоплиот ден досега годинава, многумина го искористија да се разладат во водите на реката Треска кај Матка, и во дебелите сенки под дрвјата.

Во градот нема многу места каде што скопјани можат да се разладат, па затоа денеска покрај Треска беше врвулица од луѓе.

Според прогнозата на УХМР живата во термометарот денеска ќе се искачи до 41 степен, а утре ќе се движи од 31 до 39 степени.

Вредноста на УВ-индексот денеска и утре ќе биде 9.

Фото: П. Стојановски

ИЗДВОЕНИ