Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, остро ѝ возврати на легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил, по критиките што ги упати кон централната одбрана на Аргентина, пред полуфиналето на Светското првенство.

Пред дуелот со Англија, Невил го нарече тандемот Кристијан Ромеро – Лисандро Мартинес „најдобрата најлоша централна одбрана во светот“, но „гаучосите“ одговорија на најдобар можен начин – со победа од 2:1 и со пласман во второ последователно светско финале.

Потоа дојдоа петте минути на Ромеро, кој не штедеше зборов по натпреварот.

  • Единственото нешто на што се надевам е дека кога ќе се пензионирам, нема да бидам толку глупав како што беше тој. Се надевам дека нема да ги критикувам играчите или некој друг – изјави дефанзивецот на Тотенхем.

Тој додаде дека аргентинските репрезентативци секогаш го даваат максимумот за националниот тим.

  • Понекогаш играме добро, понекогаш не, но најважно е што повторно сме во финалето на Светското првенство. Верувам дека оваа генерација пишува историја и ја чувствува тежината на овој дрес како никој друг – додаде Ромеро.

Посмирен беше Лисандро Мартинес, кој порача дека не го допираат критиките.

  • Навикнати сме луѓето постојано да зборуваат за нас. Ние секогаш одговараме на теренот, со почит – истакна стоперот на Манчестер јунајтед.

Интересно, самиот Невил претходно призна дека и покрај критиките, аргентинскиот тандем има квалитети што ретко се гледаат.

  • Изгледа како да подаруваат гол на секој натпревар, но истовремено победуваат во воздушни дуели, постигнуваат голови и се насекаде на теренот. Неверојатни се! – изјави Англичанецот.

Аргентина в недела ќе се сретне со Шпанија во големото финале, каде што ќе ја брка својата четврта светска титула, додека Англија ќе игра против Франција, на натпреварот за третото место.

 

 

ИЗДВОЕНИ