Жена освои 100.000 долари на лотарија со броеви што и ги предложи „Чет Џи-Пи-Ти“/ФОТО

43
Фото: X Michigan Lottery

Тами Карви (45) во американската држава Мичиген освои дури 100.000 долари на лотаријата Powerball благодарение на броевите што ѝ ги предложи ChatGPT.

„Јас играм Powerball само кога џекпотот надминува една милијарда долари, а кога видов дека ја достигна таа бројка, решив да пробам“, изјави Тами за официјалната веб-страница на лотаријата.

За разлика од повеќето играчи кои избираат броеви врз основа на посебни датуми, интуиција или суеверие – Тами одлучи да ги остави работите на технологијата.

Поточно, вештачка интелигенција.

„Го замолив ChatGPT да ми даде комбинација од броеви за Powerball. Ги внесов тие броеви на билетот и погодив“, рече таа со насмевка.

На почетокот, признава таа, мислела дека освоила само 50.000 долари.

„Кога ги проверив броевите, видов дека сум погодила четири бели бројки и Powerball. Пребарав на Google и прочитав дека вреди 50.000 долари. Бев пресреќна. Дури откако се најавив на мојата сметка на веб-страницата на лотаријата во Мичиген, видов дека сум ја додала опцијата Power Play – и всушност добив 100.000. Сопругот и јас бевме во целосен шок. Не можевме да веруваме“, додаде Тами.

Таа вели дека дел од парите ќе ги искористи за да ја отплати куќата, а остатокот ќе го заштеди.

ИЗДВОЕНИ