Зголемените американски царини стапуваат на сила од 1 

58
EPA-EFE/KENT NISHIMURA / POOL

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, денес објави дека драстично зголемените американски царини ќе стапат на сила на 1 август, пренесува „Бета“.

Тие беа објавени на почетокот на април, а потоа привремено суспендирани додека се во тек преговорите со други земји.

Само оние земји што ќе постигнат договори со САД во наредните денови ќе бидат ослободени од ова.

Претходно 9 јули беше споменат како датум за воведување на овие „казнени царини за земјите што профитираат од трговијата со САД“, но претседателот Доналд Трамп во петокот, без да даде детали, изјави дека земјите за кои станува збор ќе почнат да плаќаат на 1 август.

За некои земји, овие царини би можеле да достигнат 50% од вредноста на стоките и услугите што ги извезуваат во САД.

ИЗДВОЕНИ