Зголемената потрошувачка предизвикува прекини – штедете вода!

29

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје упати апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење, поради енормно зголемената потрошувачка која надминува 350.000 метри кубни дневно.

Од претпријатието нагласуваат дека ваквото зголемено и неконтролирано трошење на вода, особено во летниот период, сериозно ја нарушува стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица, системот работи со намален притисок, а делови од градот се соочуваат со повремени прекини во водоснабдувањето.

Граѓаните се замолуваат да избегнуваат полевање на тревници и дворови, разладување на улици, како и сите форми на непотребно трошење вода  за време на топлите денови.

Воедно, ЈП Водовод и канализација ги повикува скопјани доколку забележат истекување на вода, веднаш да го пријават на телефонскиот број 02 3073 010, преку е-пошта на[email protected], или на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.

ИЗДВОЕНИ