Зголемена потрошувачката на вода-граѓаните да ја користат рационално

15

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека е зголемена потрошувачката на водата и апелира до граѓаните на рационално да ја користеат водата.

-Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци – препорачуваат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните доколку забележат див приклучок, да го пријават на телефонскиот број: 02 3073 010 или на мејл адресите:  [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk

ИЗДВОЕНИ