Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција денеска, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 21 километар од градот Малатја, на истокот од Турција. Засега нема официјални извештаи за повредени или материјална штета.
Според изјави на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силен, лустерите се нишале, а потресот бил почувствуван во Сирија и Кипар. Граѓаните кои живеат стотици километри од епицентарот тврдат дека тресењето било силно, што може да се види во нивните видеа на социјалните мрежи. Многу граѓани истрчаа на улиците во паника.
Малатја беше една од 10-те погодени провинции во разорниот земјотрес во 2023 година. Во тоа време, епицентарот беше во Пазарчик, а беа погодени 10 провинции.












