понеделник, јули 13, 2026
Дома БАЛКАН Земјотрес во БиХ: Тлото кај Требиње се стресе со интензитет од 3.8...

Земјотрес во БиХ: Тлото кај Требиње се стресе со интензитет од 3.8 степени

120

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето во близина на Требиње во Република Српска, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Според податоците, земјотресот се случил кратко по полноќ, со епицентар на 11 километри северозападно од Требиње и околу 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.

ИЗДВОЕНИ