Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди грчкиот остров Крит

24

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди Грција денес во 16:26 часот по локално време, соопшти Грчкиот геодинамички институт.

Епицентарот на потресот бил лоциран во морското подрачје, на околу 21 километар југоисточно од островот Антикитера, кој се наоѓа меѓу јужниот дел на Пелопонез и северозападниот брег на островот Крит. Жариштето се наоѓало на длабочина од 58,6 километри.

Според грчкиот јавен сервис ЕРТ, земјотресот бил почувствуван во повеќе делови на Грција, вклучително и на островот Крит, Пелопонез и областа Атика. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Се следи ситуацијата.

 

ИЗДВОЕНИ