Утринава во северозападниот дел од земјата е евидентиран послаб земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците на European-Mediterranean Seismological Centre (ЕМСЦ), потресот се случил во 05:21 часот. Епицентарот бил на околу девет километри југозападно од Тетово, на длабочина од приближно пет километри.
Станува збор за земјотрес со слаб интензитет, кој вообичаено не предизвикува материјална штета, но може да биде почувствуван од жителите во околината на епицентарот. Засега нема информации за причинета штета или повредени лица












