Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени го погоди кинескиот регион Тибет вечерва, стотици километри северно од областа на границата меѓу Непал и Кина, која беше погодена од разорни поплави, објави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри во северен Тибет.
Најмалку 389 лица загинаа во разорните поплави, додека повеќе од 1.000 лица се водат како исчезнати.
Кинескиот центар за земјотресни мрежи, исто така, вчера регистрираше земјотрес со магнитуда од 4,7 степени во тибетската префектура Нагку, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Кина прогласи одговор на поплави од ниво четири во Тибет поради опасноста од прелевање на езерото откако лизгање на земјиштето го блокираше текот на река.
Министерството за водни ресурси им наложи на локалните власти да го следат езерото и врнежите од дожд и испрати стручен тим во погодената област, пренесува „Хина“.












