вторник, јануари 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Земете длабок здив“, им порача американскиот министер за финансии на европските трговски...

„Земете длабок здив“, им порача американскиот министер за финансии на европските трговски партнери

88
EPA/LAURENT GILLIERON

Американскиот министер за финансии Скот Бесент во вторникот изјави дека односите на Америка со Европа остануваат силни и ги повика трговските партнери да „земат длабок здив“ и да дозволат тензиите да се намалат околу новите закани на администрацијата на Доналд Трамп за царини врз Гренланд.

– Мислам дека нашите односи никогаш не биле поблиски – рече Бесент, зборувајќи на маргините на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Во саботата, Трамп објави воведување на данок на увоз од 10 проценти почнувајќи од февруари за производи од осум европски земји кои застанаа на страната на Данска, по неговите зголемени барања САД да ја преземат полуавтономната територија Гренланд.

Трамп тврдеше дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини, поради можни закани од Кина и Русија.

ИЗДВОЕНИ